Ексклузивниот настан „Менаџмент, Здравје, Убавина”, во организација на Strategic Consulting Services и во соработка со EZRA – Здружение за борба против рак на дојка и Evolution by GUAM и GUAM, на автентичен начин ги обедини највлијателните експерти од трите најзначајни сфери за човековиот развој – менаџментот, здравјето и убавината.
Настанот, кој се одржа во Ragusa 360, претставува прва национална платформа што ги поврза менаџментот на времето, науката и убавината на едно место за да ја истакне важноста на рамнотежата меѓу овие три области како основа за квалитетен живот во современото динамично општество.
Преку панел-дискусии, практични сесии и networking, учесниците слушнаа искуства и визии на домашните и странски експерти за холистичкиот пристап кон личната благосостојба и успехот, при што беше нагласено клучното значење на балансот за постигнување долгорочен развој на личен и професионален план.
Во рамки на трите тематски столба – здравје, менаџмент, убавина беа одржани низа инспиративни излагања на следните теми: репродуктивно здравје кај жените и кардиоваскуларно здравје кај сите; превенција и борба против рак; холистичка убавина и природна козметика, уметноста на управување со времето и успехот; како да се постигне баланс меѓу професионалниот успех и личната благосостојба и ако правилното менаџирање на времето создава енергија, хармонија и стабилност?
„Организирањето ваков настан за првпат кај нас има огромно значење, затоа што во ова време на брзи промени, навистина е предизвик да се постигне совршен баланс меѓу управување со времето, зачувување на здравјето и одржување на убавината. Едноставно, кога овие три столба се во синхронија, постигнуваме не само резултати, туку и целосен, свесен и исполнет живот”, потенцира Светлана Карова, сопственичка на Strategic Consulting Services.
Овој настан е првиот чекор во создавањето на континуирана традиција што ќе ја унапредува културата на рамнотежа и хармоничен развој. Во периодот што следи планирани се исти и/или слични иницијативи што ќе го негуваат духот на извонредност и високите стандарди во секој сегмент од општеството.














