Пристапот на светскиот лидер во пивската индустрија кон креативноста како конкурентска предност резултира со силни перформанси и зголемени приходи
Меѓународниот фестивал на креативност Cannes Lions го прогласи белгискиот производител на пиво AB InBev за „Креативен маркетер на годината“ („Creative Marketer of the Year“) за 2026 година. Ова признание им се доделува на огласувачи кои во текот на одреден период создале и акумулирале препознатливи проекти наградувани со популарните „лавчиња“ на фестивалот Cannes Lions. Континуираната посветеност на AB InBev за користење на креативноста како мотор за раст низ целото портфолио на компанијата, резултираше со освоени импресивни 37 „лавчиња“ на минатогодишното издание на фестивалот.
AB InBev е првата компанија во историјата на Cannes Lions што ја добива оваа награда по трет пат. Од 2021 година, глобалниот производител на пиво започна да чекори на патот од неоргански кон органски раст, потпирајќи се на креативноста како клучна конкурентска предност што придонесе за силни перформанси и зголемени приходи.
„AB InBev ја вгради креативноста во начинот на кој функционира, не само во маркетингот, и како резултат на тоа постојано ги надминува очекувањата. Притоа што креативноста е приоритет на највисоко ниво и со имплементација на систем за внатрешна ефикасност на креативноста, компанијата постојано ја демонстрира јасната и убедлива врска помеѓу креативната извонредност и комерцијалните резултати. Ова е историска победа, одавајќи признание на компанија која ја направи креативноста скалабилна, мерлива и одржлива низ стотици брендови глобално“ – посочува Сајмон Кук, извршен директор на LIONS.
Објавените деловни резултати на AB InBev за првиот квартал од 2026 година покажуваат силен замав низ глобалното присуство на компанијата, со највисоки приходи досега и зголемени количини на пиво. Нивната фокусирана и конзистентна стратегија ориентирана кон потрошувачите гради брендови за да поттикне одржлив долгорочен раст – со 20 брендови од „+1 милијарда долари“.
За наградата, Марсел Маркондес, глобален генерален директор за маркетинг во AB InBev, изјави: „Креативноста секогаш е во служба на растот. Да се биде прогласен за Креативен маркетер на годината по трет пат во последните пет години го рефлектира нашиот конзистентен и одржлив пристап кон градењето брендови кои луѓето ги сакаат. Тоа е и признание за неверојатните тимови и агенциски партнери што ги имаме низ целиот свет и кои обезбедуваат највисоки приходи досега. Наздравје за сите што помогнаа ова историско признание да стане возможно.“
На Cannes Lions, жирито постојано ги препознава креативните иницијативи на AB InBev, при што минатата година биле наградени проекти спроведени на 10 светски пазари во рамки на 15 различни наградните категории. Дополнително, Global Effie Index ја рангира AB InBev како „Најефективен маркетер во светот“ веќе четврта година по ред, а според рангирањата на Kantar BrandZ, брендовите на AB InBev водат на листата на највредни светски пивски брендови – заземајќи осум од првите 10 позиции, при што Corona е рангирана на првото место веќе две години по ред.
AB InBev ќе ја отвори програмата на Cannes Lions 2026, со главно предавање на сцената на Lumière Theatre на 22 јуни. Наградата за „Креативен маркетер на годината“ ќе им биде врачена на финалната наградна церемонија во петок, 26 јуни.
Фестивалот Cannes Lions ќе се одржи од 22 до 26 јуни во Кан, Франција. За целосната програма и начинот на учество на фестивалот, посетете го следниот ЛИНК.















