Популарниот бренд на вотка Absolut ја претстави својата нова и иновативна рекламна кампања за канадскиот пазар, насловена “Mix Your Neighbourhood” („Измиксајте го вашето соседство“).
Кампањата ја применила моќта на вештачката интелигенција за да припреми специјални коктели што го отелотворуваат духот на некои од најкарактеристичните и најразновидни населби ширум државата.
Со цел ги направат коктелите и нивните соодветни визуелни креативи, брендот најпрвин побарал од жителите на 22 познати населби ширум Канада да ги споделат уникатните „состојки“ што го прават нивното соседство толку посебно.
Одговорите потоа биле внесени во програма базирана на генератива вештачка интелигенција со цел да се создадат слики од уникатните „маалски“ коктели. Тие слики потоа им биле дадени на истакнати миксолози (луѓе што се разбираат во правење коктели) за да ги претворат од слики во вистински пијалаци. На крајот, локалците биле поканети да ги пробаат уникатните креации инспирирани од нивните соседства.
„Absolut беше роден да се меша – и обично се меша во најиконичните населби низ Канада. Инспирирани од нивната еклектична природа, се запрашавме: „Ако вашето соседство беше коктел, како би изгледало?“ – објаснува Франческо Гранди, генерален креативен директор на агенцијата Ogilvy Canada која стои позади кампањата.