AdAge ги прогласи најдобрите мали агенции во 2017 година во традиционалниот годишен избор каде жирито кое е составено од уредниците и новинарите од AgAge како и од угледни претставници од индустријата – заеднички им оддава признание на агенциите кои оставиле печат со својата посветеност, креативност и постигнати резултати, а не се дел од ниту една од големите мрежи и агенциски концерни.
За најдобра мала агенција во овогодинешниот избор е прогласена Terri & Sandy од Њу Јорк, која е признаена по својата “основачи и претприемачи“ филозофија која изминативе 3 години им носи речиси 100% годишно подобрување на приходите. Среброто отиде во рацете на членовите на тимот Eleven од Сан Франциско.
Во категоријата агенции со под 10 вработени, за најдобри оваа година се прогласени: Circus Maximus од Њу Јорк и Greates Common Factory од Тексас.
Во делот најдобри интернационални мали агенции се прогласени Zulu Alpha Kilo од Торонто и 101 од Лондон.
Целата листа на сите лауреати можете да ја погледнете на овој ЛИНК.