Home » Во фокусот » ADFEST ги претстави првите говорници на овогодишниот фестивал

ADFEST ги претстави првите говорници на овогодишниот фестивал

На листата на говорници се експерти од агенциите Dentsu Webchutney, VANDAL, The Royals, The Brand Agency McCann Worldgroup и Contagious

ADFEST ги претстави своите први говорници за овогодишното издание на фестивалот, а меѓу нив се еминентни креативци од агенциите Dentsu Webchutney (Гургаон), VANDAL (Сиднеј), The Royals (Сиднеј), The Brand Agency (Перт), McCann Worldgroup (Њујорк) и Contagious (Лондон).

ADFEST 2019 се одржува во Патаја, Тајланд, а програмата е поделена на два дела: Craft@ADFEST кој на 20 и 21 март длабоко ќе нурне во најновите трендови од областа на продукцијата, дизајнот, содржината и технологиите, додека Creative@ADFEST на 22 и 23 март ќе се осврне на креативноста која претставува ДНК на овај фестивал.

Програмата Craft@ADFEST ќе вклучува предавања, како што е ‘Ideas. Patterns & A.I.’ во кое Vishal Sagar, креативен директор и Gurbaksh Singh, главен креативен технолог во Dentsu Webchutney ќе зборуваат за иднината и новата ера на вештачката интелигенција; предавање наречено ‘Augmented Reality is the Future of Advertising’ ќе одржи Emile Rademeyer, дигитален стратег и креативен директор во VANDAL, која ќе објасни зошто зголемената реалност не е само најнов хир, туку и иднина на огласувањето.

Во програмата Creative@ADFEST моментално има повеќе најавени говорници, а на листата се: Nick Cummins, креативен партнер на агенцијата The Royals, кој ќе одржи предавање на тема ‘Why the world needs more agencies and how to start one’; Marcus Tesoriero, извршен креативен директор во The Brand Agency, ќе одржи предавање на тема ‘The New Era of Creative Problem Solving’; Elav Horwitz, потпретседател и глобален директор за иновации во McCann Worldgroup ќе одржи интересно предавање насловено како ‘The Chicken, the Egg, or in today’s tech world, does the Omelette come first?’; а Paul Kemp-Robertson, коосновач на агенцијата Contagious, ќе зборува за тоа зошто рецептот за успех е да се биде храбар во огласувањето во неговото предавање “Fortune Favors the Brave”.

Доколку сакате да дознаете повеќе за фестивалот, посетете ја страната www.ADFEST.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365