Home » Во фокусот » Adobe истражување: 62% од брендовите до 2022 година своето програматско огласување ќе го вршат интерно

Adobe истражување: 62% од брендовите до 2022 година своето програматско огласување ќе го вршат интерно

52% од испитаниците од категоријата брендови и 56% од категоријата агенции, веруваат дека програматското огласување ќе го престигне ТВ како најважен сегмент од нивната огласувачка стратегија во наредните три до пет години

Најголем дел (62%) од брендовите својот медиски закуп ќе го вршат интерно до 2022 година, доколку им веруваме на резултатите од истражувањето спроведено од страна на компанијата Adobe помеѓу 60 брендови и агенциски клиенти во Велика Британија, Франција, Германија, Бенелукс и нордиските земји направено во декември 2017 година.

Adobe ја опишува 2018 како пресвртна точка за автоматизираниот закуп на медиумите, бидејќи овие технологии се повеќе ќе се користат за унапредување на телевизиското огласување.

Според наодите од истражувањето на Adobe, 86% од брендови и 89% од агенции имаат намера да ги зголемат буџетите за програмски закуп на огласите во 2018 година, при што сите маркетери се обврзуваат дека ќе преземат поголема контрола врз нивното купување во онлајн медиумите.

Всушност, од сите маркетери кои учествувале во истражувањето, 62% одговориле дека својот програматски закуп на медиуми ќе го вршат интерно до 2022 година, додека останатите 38% се изјасниле дека “дел” од ова работење ќе го префрлат in-house во текот на следните пет години.

Покрај тоа, 78% од испитаниците во категоријата агенции се согласуваат дека некои елементи од програматското купување на огласите ќе бидат пренесени во компаниите. Постои консензус меѓу учесниците дека треба да работат поефективно за да ги разберат нивните улоги во оваа нова парадигма.

Исто така, истражувањето го идентификува програматскиот ТВ закуп како јасен приоритет меѓу учесниците, при што 38% од маркетерите, а 56% од агенциските експерти наведуваат дека тоа е приоритет за 2018 година, со подобро мерење на повеќе платформи (и на екраните).

Кога се во прашање испитаниците од категоријата брендови, 2018, исто така, ќе донесе фокус на персонализација преку податоците (33%), додека за агенциите поважна цел е ефикасното мерење (33%).

Покрај тоа, 52% од категоријата брендови и 56% од категоријата агенции, веруваат дека програматското огласување ќе го престигне ТВ, како најважен сегмент од нивната огласувачка стратегија во наредните три до пет години. Всушност, 14% од маркетерите кои учествувале во истражувањето тврдат дека тоа веќе е случај за нивните стратегии, што укажува дека онлајн публика е поважна за овие брендови од телевизиската.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365