Home » Во фокусот » ВИДЕО: Адвертајзинг стартап планира да лансира големи светлечки реклами на небото

ВИДЕО: Адвертајзинг стартап планира да лансира големи светлечки реклами на небото

Ако им веруваме на идеите кои рускиот адвертајзинг стартап StartRocket ги пласираше јавно, за брзо време во нашите медиа планови ќе вклучуваме и “рекламирање на небо“.

Нивната идеја за овие “небесни билборди“ е да функционираат ноќе со помош на мали сателити наречени “CubeSats”. Првичната замисла е дека сателитите би гравитирале на надморска височина од некои 400-500 km и дневно би биле видливи околу 6 минути, во кои “би пласирале“ 3 до 4 реклами или пораки.

Има тука и друга димензија на овој проект и технологија според стартапот, не е само за пари работава. Ако ова се развие успешно, “човештвото“ ќе може многу брзо (и ефикасно) да обезбеди емитување и пораки за итни ситуации и така брзо да се спречуваат разно-разни катастрофи.

Проектот е наречен “Orbital Display” и планот е првите реклами да ги видиме во 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365