Home » Во фокусот » Агенцијата Glitch реализираше дигитална кампања за новиот филм на Милчо Манчевски

Агенцијата Glitch реализираше дигитална кампања за новиот филм на Милчо Манчевски

„Бикини Мун“ е најновиот авторски филм на Милчо Манчевски. Филмот веќе започна да освојува награди и се закити со специјалната награда на жирито на фестивалот Фантаспорто, во Португалија. Главната улога ја толкува Кондола Рашад, која е позната по серијата „Милијарди“ (Billions) и е добитник на Тони наградата – најпрестижната театарска награда во САД.

„Бикини Мун“ е „документарец за една бајка“ – и тоа модерна, урбана бајка сместена во скршениот идеал за семејството. Бикини е харизматична бездомничка која го привлекува вниманието на филмска екипа која снима документарец и која е спремна да ја искористи нејзината приказна за да се прослави во светот на независните филмаџии.

Бидејќи филмот ја испитува границата помеѓу фиктивното, стварното и вистинитото, промоцијата на Бикини Мун е пропратена со интересна дигитална кампања во која централен дел има сајтот www.BikiniMoonMovie.com – кој покрај информативниот дел за филмот, нуди и таканаречен „режисерски“ дел – во кој самите посетители може да создадат сопствена #MyBikiniMoon приказна и своја верзија на трејлер на филмот во кој тие целосно ќе го одберат дејствието.

Вебсајтот, како и локалната кампања на социјалните мрежи е изработена од македонската агенција Glitch која исто така во оваа вертикала ги работеше кампањита за серијата „На Терапија“ и филмот „Исцелител“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365