Home » Во фокусот » Агенцијата Initiative најуспешна во добивањето нови клиенти

Агенцијата Initiative најуспешна во добивањето нови клиенти

Aгенцијата Initiative е најуспешна глобална агенција во првата половина на 2018 година, според извештајот на меѓународната консултантска компанија R3. Овој извештај ја одредува успешноста на агенциите во однос на порастот на бројот на клиенти. Во изминатата година, Initiative започна соработка на светско ниво со компании како Карлсберг, ЛЕГО, Конверс, Вирпул, Ревлон. За глобалниот успех придонесоа и клиентите добиени на поединечните пазари. Така, Initiative Белград, која работи во рамките на IPG Mediabrands SEE и е дел од I&F McCann Group, оваа година започна соработка со една од најголемите турски компании за убавина Копас Козметик на српскиот пазар.

“Горди сме што на пазарите каде што работиме го продолживме трендот на развој на бизнисот и добивањето на нови клиенти. Нашиот фокус е градење брендови на културолошки релевантен начин. Големите огласувачи тоа го препознаа, а резултатите наскоро дојдоа не само преку соработка со големи глобални компании, туку и со добивање клиенти на поединечните пазари. Имаме силна поддршка од мрежата на агенции Initiative и IPG Mediabrands SEE, како и нова енергија на бранот на овие победи. Сведоци сме и на голем број иновации во форма на нови алатки кои ни помагаат да им обезбедиме на нашите клиенти нивните брендови да станат важен дел од културата. Нашата амбиција е да ја продолжиме годината како што започнавме, со добивање на нови клиенти од различни индустрии “, вели Марко Боиќ, директор на Initiative Белград.

Извештајот R3 укажува дека од почетокот на 2018 година, глобалните медиски агенции имале пораст од 3% во добивањето нови клиенти. Сепак, и покрај малото зголемување на нови клиенти, вкупните приходи на агенциите се зголемиле за дури 36%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365