Agency Spotter, веб-сајт кој поврзува огласувачи и агенции, лансираше и мобилна апликација со цел да го направи барањето на агенција полесно.
Agency Spotter тврди дека 10 000 до 25 000 огласувачи ја посетуваат веб-страната, лансирана во 2013, секој месец, и дека повеќе од 12 000 агенции се присутни на платформата. Сајтот вклучува големи креативни куќи и дигитални агенции како JWT, GSD&M, Razorfish и R/GA, како и специјализирани компании како Fueled, кои изработуваат брендирани мобилни апликации.
Меѓу огласувачите кои ја користеле Agency Spotter се и Coca-Cola, Carlsberg, Starbucks и Unilever.
Брајан Регенчук, CEO и ко-основач на Agency Spotter, изјави дека идејата за сајтот произлегла од работното искуство и од страна на агенциите и од страна на брендовите, вклучувајќи и работа какo Директор за глобален дизајн на Coca-Cola од 2008 до 2010 година.
“Една од причините поради кои го создадов ова е да им се помогне на маркетерите и моите колеги од малите, средни и големи брендови низ светот кои трошат стотици часови обидувајќи се да се одлучат со кого да соработуваат од агенциската страна” рече Рагенчук. “Слично на TripAdvisor или Yelp, нашата цел е да ги претставиме агенциите и дизајнерските компании низ светот.”
Бесплатната апликација и веб сајтот им овозможува на брендовите да ги напишат критериумите за нивните кампањи, вклучувајќи буџет, локација и услугите кои ги бараат. Луѓето потоа може да пребруваат низ профилите и портфолијата на агенциите и да создадат листа на нивните најдоbри избори.
Откако брендот ќе се одлучи за некоја агенција, со притискањето на копчето “contact”, сајтот ги поврзува агенцијата и клиентот. Исто така постои и опција за повик или поврзување преку LinkedIn.
Постои и платена верзија на сајтот која им овозможува на агенциите да платат за да ги промовираат своите услуги меѓу правите два редови на резултати од пребарувањето, слично на принципот на работа на search ads. Услугата чини од 750 до 4000 долари годишно, што зависи од тоа колку агенцијата сака да се промовира.
За да им се помогне на маркетерите да го најдат она што го бараат, секоја агенција е ограничена на 5 главни услуги, принудувајќи ги да ги држат своите pitch-ови до конкретна поента.
“На нив е оставено да им кажат на маркетерите во што се добри – не само дека тие се full-service агенција која може да прави се’,” изјави Рагенчук. “Тоа е еден од начините на кои го израмнуваме нивото на ‘игра’. Некои од малите и средни по глемина агенции се екстремно компетитивни, ако не и подобри во некои случаи, од големите играчи. Она што го имаме слушнато од маркетерите е дека тие веќе знаат кои се Oglivy или некоја друга голема агенција. Она што не го знаат е кои се наоѓаат на позициите од 20 до 30 место на листата на најдобри агенции.”
“Ние имаме луѓе на сајтот кој бараат еднократен проект во вредност од 10 000 до 250 000 долари. Потоа имаме луѓе кои би работеле со поголеми буџети, како 1 милион или 20 милиони долари, кои често се големите брендови кои бараат да најмат агенција за големи иницијативи или голем ребрендинг,” додаде Рагенчук.