Пандемијата, можеби најмногу ја загрози една од основните вредности на општеството – уметноста. Нема Skype, Zoom или YouTube што може да ги замени чувствата кога сме изложени на уметност во живо, било да е тоа ликовна, музичка или филмска. Сите сме гладни и жедни за уметност, а во тоа бевме убедени уште пред пандемијата – кога имаше редици за влез во Националниот музеј или Музејот на современа уметност, како и во Белградска филхармонија на отворено.
И одеднаш, како да не ни е доволно што поголемиот дел од нашиот ден се одвива преку онлајн платформи – сега треба да слушаме преноси и виртуелни концерти – кои, мора да се признае, беа спектакуларни, но, како одминува времето, само нè потсетуваат на тоа колку изгубивме.
Агенцијата McCann Белград креираше кампања за Белградска филхармонија, која, во соработка со агенциите UM Белград, Polaris и Drive, ја реализираше преку OOH, TVC и дигитални формати, а со цел барем накратко да ги прекинеме грижите што ги носиме додека чекаме во редови, плаќајќи сметки во пошта, купуваме намирници или се возиме низ градот.
Партнерите на овој проект се приклучија преку поддршка и споделување информации за активностите на Белградска филхармонија во новата сезона, но и преку интересно брендирање и емитување на снимки од концерти и настапи на овој оркестар во нивните (продажни) објекти, возила, преку музичката позадина на кол центрите и слично.
„Замислувајќи ги композиторите во ситуациите во кои се наоѓаме секој ден, ние ги оживуваме и ги пренесуваме од претходните векови во ова наше време на корона, ги ставаме во истите редови каде што чекаме, на истите клупи на кои седиме и ја внесуваме нивната музика во нашите животи. Во визуелите што ги гледаме, тие исто така минуваат низ разни емоции, грижи, конфузии или некакво исчекување, што ни помага да се препознаеме во нив и да се доближиме кон нивните дела“, објаснува Сандра Милојевиќ, Senior Designer во McCann Белград, автор на визуелните идеи и решенија, и додава: „Во време кога животот стана покомплициран, а секојдневните ситуации потешки, сакавме да донесеме малку ведрина и да покажеме дека не сме сами во оваа хаотична година и свет. Тука е музиката“.
„Одлучивме да не се предаваме така лесно и да се обидеме со почитување на сите мерки против епидемијата – да ја донесеме музиката не само до верните слушатели на Филхармонијата, туку и до најшироката можна јавност, со преселување од салата на јавните простори, а оригиналните изведби на најдобриот симфониски оркестар во регионот да се „емитуваат“ и во супермаркетите, и во транспортот, и додека чекаме во ред, и додека чекаме да ни се јави операторот во кол центарот. Практично – овозможивме музиката да достигне насекаде и да ни помогне за момент да преминеме во некоја подобра димензија, на начин на кој само уметноста тоа го може. Се надеваме дека со оваа кампања им ги донесовме класичните дела и на слушателите на кои можеби не им биле прв избор, а коментарите на социјалните мрежи зборуваат во прилог на нашиот успех“, додаде Вера Аќимовиќ, стратешки планер на агенцијата McCann Белград.
Откако го најави својот нов слоган „Музика насекаде“ со ненадеен настап на централната градска улица, Белградска филхармонија создаде една од највозбудливите сезони со поместување на репертоарот онаму каде што е лесно достапен за публиката – насекаде! #muzikasvuda е хаштаг што треба да шири позитивна енергија и да воведе нова динамика во секојдневниот живот, да го направи секој ден подеднакво посебен како што е одењето на концерт.
„Белградска филхармонија ги разби сите конвенции воведувајќи алтернативни локации за слушање класична музика, не само во Белград, туку и во цела Србија. Во текот на следниот период, Филхармонија може да вети дека ќе биде строга, но непослушна. Првото се однесува на почитување на пропишаните мерки, а второто на пробивање на сите претходни навики кога станува збор за слушање класична музика“, објаснува директорот на Белградска филхармонија, Иван Тасовац.