Home » Во фокусот » Al Jazeera и Google договорија соработка

Al Jazeera и Google договорија соработка

Посветеноста на медиската мрежа Al Jazeerа во промоција на иновациите во дигиталното новинарство ја постави помеѓу водечките партнери на Гугл

Al Jazeera и Google објавија глобално партнерство, кое и` го донесува најдоброто од технолошките решенија на Гугл на оваа медиска куќа. Од друга страна, целта на Гугл е поттикнување на развојот на одржливите медиски екосистеми преку технологијата и иновациите.

Медиската куќа со седиште во Катар веќе долго време соработува со Гугл: одредена содржина достигнува до повеќе од два милиони претплатници преку каналот на Al Jazeere на YouTube, дополнителен пласмен помага Google Newsstand, додека инвестициите и оптимизацијата за мобилните уреди доведоа до тоа приближно 70% од публиката поефикасно да ја следи содржината преку мобилните телефони и таблети.

Преку дигиталната трансформација на Al Jazeerа, целта на партнерството е помош во утврдувањето на позицијата на Al Jazeerа помеѓу водечките медиуми во дигиталниот сегмент, како и забрзување на растот на оваа куќа со помош на Гугл технологијата.

Ова партнерство се фокусира на неколку клучни подрачја: привлекување и задржување на публиката, креирање на одлична содржина за ТВ и мобилни уреди, максимизирање на приходите од реклами и надградување на новинарите со дигитални вештини.

Се радуваме на партнерството со медиската мрежа Al Jazeera, како во оваа фирма би го донеле најдоброто што го има Гугл. Партнерството покрива различни подрачја – решенија за монетизација, платформи за дистрибуција како што се DoubleClick, YouTube, Cloude и обуки за користење на дигиталните алатки“ изјави Alfonso De Gaetano, директор на Гугл за глобални партнерства на пазарите во развој.

Abdulla al Najjar,извршен директор за глобален бренд и комуникации на медиската мрежа Al Jazeera, истакна: „Нашата посветеност на корисниците секогаш не` води да ги бараме и користиме најдобрите технолошки платформи на светот, а докажаниот успех на Гугл на тоа поле го прави идеален партнер на медиската мрежа Al Jazeera. Многу се радуваме на ова партнерство со Гугл додека продолжуваме да создаваме посебни вредности за нашите корисници.“

Извор: Al Jazeera

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365