Home » Огласи за Маркетинг/ПР работа » Алкалоид вработува! Се бара графички дизајнер

Алкалоид вработува! Се бара графички дизајнер

Доколку имате желба да бидете дел од тимот креативци и да ги остварите своите амбициии, доколку имате визија за својот личен успех, желба да покажете дека сте единствени, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, со внимание проследете го овој оглас.

А Л К А Л О И Д   А Д   С К О П Ј Е

го објавува следното слободно работно место:

1. ОЕ Корпоративни служби – Оддел за маркетинг-комуникации

1.1.Графички дизајнер – 1 (еден)

Потребни квалификации и вештини

  • Задолжително е работно искуство од минимум 2 години на позиција графички дизајнер.
  • ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Факултет за ликовни уметности.
  • Познавање на програмите за графички дизајн – Adobe: Photoshop, InDesign, Illustrator, Acrobat Professional.
  • Познавање на процесот на печатење.
  • Одлично познавање англиски јазик.
  • Високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини.
  • Креативност и иницијативност за самостојно истражување.
  • Максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови.
  • Поседување возачка дозвола од Б-категорија.

Цел и одговорност на работното место

  • Графички дизајн и подготовка на маркетинг-материјали за печат (постери, брошури, носачи на рекламни пораки, летоци,налепници, маици, светлечки реклами, брендирање возила, мaркети и сл.).
  •  Идеи за дизајнот на новата амбалажа на производите (кутии, етикети, фолии, кеси и сл.).
  • Дизајн и подготовка за печат на објави во весници и на списанија.
  • Дизајн на визуелни решенија за маркетинг-кампањи и за продажни промоции.
  • Применување на новитетите во насока на подобрување на печатените и на визуелните комуникации на дефинираните цели.
  • Интерна ефективна комуникација во компанијата за дефинирање на целите и на основните елементи од финалниот дизајн.
  • Комуникација со маркетинг-агенции и со печатници, со цел обезбедување квалитетна подготовка за печатење согласно со зададените стандарди.

Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15;30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 26,000.00 МКД до 42,000.00 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, сопственото портфолио, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:

career@alkaloid.com.mk

со назнака: За оглас – Графички дизајнер“.

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365