Home » Во фокусот » ALLWEB – конференција за ера во која не се може без дигитални комуникации

ALLWEB – конференција за ера во која не се може без дигитални комуникации

Приказната на AllWeb, единствената конференција посветена на дигитален маркетинг во Македонија, продолжува четврта година по ред. Повеќе од петнаесет говорници на 13 ноември ќе застанат на сцена да ги пренесат своите искуства и совети за тоа како комуникацијата на интернет да ја претворите во поддршка на бизнисот.

allweb-digital-marketing-conference

Сакаме на нашите компании, организации и претприемачи да им го доближиме начинот на кој глобалните и регионалните компании ги интегрираат дигиталните комуникации во сопствените бизнис стратегии. Од година во година се обидуваме да опфатиме повеќе теми од различни аспекти, па затоа и самата програмата е динамична, со голем број различни луѓе на сцената“, вели Дарко Булдиоски, од NewMediaMK, организатори на конференцијата.

Оваа година на AllWeb ќе се зборува малку повеќе за веб аналитика  и повраток на инвестиции, огласување на социјални медиуми и маркетинг преку содржина. Дел од говорниците веќе се најавени, на сцена ќе се појават Пол Пападимитриу основачот и домаќин на The Digital Loop и ко-домаќин на најважната европка конференција за технологија LeWeb, Павел Коленда од IAB Полска, а на барање на публиката повторно доаѓа и Владимир Вулиќ од digitalizuj.me.

Информациите и контактите кои можат да се стекнат на вакви настани се непроценливи, додава Булдиоски. Влезниците веќе се пуштени во претпродажба на официјалната веб страница. Првите триесетмина ќе имаат можност да купат влезница по исклучително намалена цена.

Повеќе информации за говорниците, програмата и за самата конференција можат да се најдат на www.allweb.mk.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365