Home » Компании » Алма-М го реновираше гинеколошкото одделение во болницата „Мајка Тереза“

Алма-М го реновираше гинеколошкото одделение во болницата „Мајка Тереза“

Гинеколошкиот оперативен тракт на болницата „Мајка Тереза“ во Скопје беше комплетно реновиран со донација на компанијата Алма-М

По четири децении од неговата изградба, овој дел од болницата никогаш не претрпел обнова и покрај тоа што во последните три години е забележано сукцесивно зголемување на обемот на работа и бројот на породувања од 10% на годишно ниво, сигнализирајќи дека е потребна итна реновација.

„Се радувам што со Новата година, пациентите на нашата куќа ќе добиваат услуга на повисоко ниво, а нашите колеги прекрасни услови за работа. Конечно, сакам во името на целиот персонал на СБГА Мајка Тереза, да упатам јавна и огромна благодарност до Компаниите Алма-М, како главен донатор, како и Ефтинија Импектс и Темпо99,“ изјави директорот на болницата Башким Исмаили.

За овој проект, компанијата Алма-М како главен донатор, со помош на компаниите Ефтинија Импелс и Темпо99, издвоија над 6.000.000 денари за целосна реконструкција на 420 м2 простор, со комплетно реновирање на двете гинеколошки операциони сали, со поставување на централен довод на гасови, реновирање на одделот на интензивна нега и на сите помошни простории неопходни за работата на тимот на трактот.

„Како општествено одговорна компанија, ние имаме годишен буџет за донации. Досега поголемиот дел на нашите донации биле насочени кон образованието. По неколку разговори и состаноци со директорот на клиниката д-р Башким Исмаили, одлучивме нашиот буџет за оваа година целосно да го насочиме кон оваа клиника и да извршиме реновирање на овој тракт. Оваа одлука ја донесов бидејки инвестициите во образованието се многу важни во градењето на подобра иднина, но инвестициите во здравството спасуваат животи,“ истакна Муарем Муртезани, сопственик на Алма-М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365