Home » Extra 5 » Altaro Software од Малта отвори претставништво во Скопје

Altaro Software од Малта отвори претставништво во Скопје

Altaro Software со гордост го најавува проширувањето на своите бизнис активности преку отворањето на претставништво во Скопје, Македонија.

Тимот на Altaro во Скопје, во моментов брои 7 вработени, со план за проширување до 20 вработени до крајот на оваа година.

Во претставништвото во Скопје ќе се вработуваат .NET софтвер програмери, специјалисти за техничка поддршка како и други профили од ИТ индустријата. Како дел од редовниот тренинг и обука, сите ново вработени ќе го посетат седиштето на Altaro во Малта каде што ќе се запознаат со целиот тим.

Повеќе од 40.000 компании во над 130 земји во светот го користат софтверското решение за зачување на податоци (back up) на Altaro, меѓу кои се вбројуваат и: Microsoft, Xerox, Amazon, Seiko, Mitsubishi Polyester, Peugeot, Discovery Channel и многу други.

За разлика од традиционалните софтверски компании, Altaro не прави софтвер по нарачка, туку развива свои сопствени решенија и истите ги нуди како готов производ. Компанијата користи најнови напредни .NET технологии за развој и ги поседува интелектуалните права за своите производи.

Altaro е формирана во 2009 година во Малта, како мала старт-ап компанија, која денес брои над 70 вработени во повеќе земји и продолжува да расте.

Како дел од своите планови за развој, Altaro Software истражуваше неколку дестинации за инвестирање и притоа ја мапира Македонија како најдобрата локација за своето работење пред се поради високо квалификуваната работна сила, одлично познавање на англиски јазик, отвореност за соработка, како и одличните услови за започнување и водење на бизнис.

Маја Костова, првиот член на тимот во Скопје, изјави: „Бев инспирирана од посветеноста и решителноста на четирите основачи на Altaro, кои работеле напорно за да ги остварат своите соништа. Сакав да бидам дел од таа успешна приказна и сакам да сум опкружена со луѓе кои секојдневно тежнеат кон успех и ги мотивираат луѓето околу нив да бидат најдобри во тоа што го работат. Од првиот ден, се чувствував како дел од компанијата и тие направија се за да бидам и дел од тимот, бидејќи тоа всушност и го претставуваат, тим кој заеднички чекори кон целта. Искрено верувам дека Altaro е вистинското место за надградба на својата кариера.“

Дејвид Вела, Директор на Altaro Software, изјави: „Македонија беше вистинскиот избор за нас. Овде доживеавме една култура слична на нашата и пронајдовме луѓе со одлични ИТ вештини и одлично познавање на англискиот јазик. Малта и Македонија ја делат истата временска зона и тимовите во двете земји добро работат заедно како дел од едно големо семејство. Уште поважно, јас едноставно ја сакам Македонија. Луѓето се одлични и секогаш кога ги посетувам се чувствувам како дома “.

Новата канцеларија на Altaro во Македонија се наоѓа на ул.Васил Ѓоргов 31/19, Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365