Home » Во фокусот » Амазон е на пат да го заниша дуополот на Фејсбук и Гугл

Амазон е на пат да го заниша дуополот на Фејсбук и Гугл

Последниот извештај на EMarketer укажува дека владејачкиот двоец во светот на дигиталните огласи наскоро би можел да доживее пад на својата доминација

eMarketer го објави новиот извештај кој укажува на тоа дека Гугл и Фејсбук наскоро можат да доживеат пад на својата доминација во светот на дигиталното огласување и тоа благодарение на растот на “малите играчи”, како што се Амазон и Снепчет.

Според eMarketer, владејачкиот двоец може да очекува да привлече 56,8% од дигиталните инвестиции на американскиот пазар оваа година, додека минатата година нивното учество на овој пазар изнесуваше 58,5%. Главните виновници за таква прогноза? Амазон и Снепчат!

eMarketer во својата анализа известува за напредокот на Amazon на пазарот на дигитални реклами, предвидувајќи дека неговиот приход само во САД оваа година ќе изнесува 2.89 милијарди долари, што е значителен раст од 63,5% на годишно ниво.

Амазон моментално држи 2,7% од уделот на светскиот пазар на дигитални огласи, а до 2020 година, неговиот удел ќе се зголеми на 4,5%.

Моника Перт, виш директор за предвидувања во eMarketer во блог пост напиша дека “Амазон во моментот се наоѓа на петтото место на водечки продавачи на дигитални реклами во САД и е на пат да го преземе третото место до 2020 година, надминувајќи ги Oath и Microsoft. Засега тие беа конзервативни со својот огласувачки бизнис. Останува прашањето кога Амазон ќе го искористи својот значаен досег и доминација во форма на богати кориснички податоци за да го зголеми пласманот на огласите во други области.”

Овој извештај само ги покажува значајните чекори на гигантот во е-трговијата, кој започнува да ги напаѓа различните пазари, наоружан со многу податоци за куповните навики на корисниците, што му овозможува создавање на прилагодени кориснички искуства со врвно таргетирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365