Home » Во фокусот » Амазон е највредниот бренд во светот, со пазарна вредност од 150 милијарди долари

Амазон е највредниот бренд во светот, со пазарна вредност од 150 милијарди долари

Амазон е сега најголемата интернет компанија на светот во однос на пазарната капитализација и на приходите

Во најновата ранг-листа на највредните компании во Извештајот Brand Finance Global 500, Amazon ги остави зад себе своите главни конкуренти Apple и Google, и така овој гигант за е-трговија ја зацементира својата позиција како највреден бренд на светот, со годишен раст од 42% и вредност од 150,8 милијарди долари.

Amazon е сега најголема интернет компанија во светот во однос на пазарната капитализација и приходите, и тоа откако успешно се прошири во областа на cloud инфраструктурата и електрониката. Но, треба да се напомене дека апетитот на компанијата за проширување во секој случај не е згаснат, и се очекува да продолжи да расте силно, особено по минатогодишното превземање на компанијата Whole Foods за неверојатни 13,7 милијарди долари.

Apple се задржа на втората позиција со вредност која се проценува на 146,3 милијарди долари, но се смета дека на долг рок, најверојатно, нема да претставува закана за Amazon, главно заради прекумерната зависност од продажба на само една линија на производи – iPhone.

Во меѓувреме, Google доживеа пад од прво на трето место, со разочарувачки раст на брендот од само 10%, на 120,9 милијарди долари. И тука успорувањето е условено главно од прекумерното потпирање на одредени сектори, како што е онлајн огласувањето.

Топ пет позициите на листата ги надополнуваат Samsung (92,3 милијарди долари) и Facebook (89,7 милијарди долари) и ова е за прв пат сите пет врвни позиции на светската листа да ги држат технолошки компании.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365