Home » Во фокусот » Амазон истражува дали вработените продаваат доверливи податоци

Амазон истражува дали вработените продаваат доверливи податоци

Амазон, светскиот гигант за продажба на стоки преку интернет, истражува дали вработените во оваа компанија продаваат доверливи информации на други компании, особено во Кина, објави Wall Street Journal.

Според весникот, вработените во Амазон, преку посредници  продавале интерни податоци и други доверливи информации на трговците кои ги продаваат своите производи на страната на овај американски гигант.

На сајтот на Амазон, можат да се купат производи кои директно ги продава Амазон, но и артикли од други трговци.

Според весникот, таквата пракса е широко распространета во Кина, додавајќи дека Амазон ја води оваа внатрешна истрага со месеци.

Околу 560.000 луѓе работат во Амазон во целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365