Home » Во фокусот » Американскиот бренд за брза храна КФЦ ги отвара првите два ресторана во Македонија

Американскиот бренд за брза храна КФЦ ги отвара првите два ресторана во Македонија

Првите два ресторана на американскиот бренд КФЦ ќе бидат отворени во Скопје и Тетово на 14 септември годинава. Ова го најави сопственикот на лиценцата Фатмир Зимбери, според кој до крајот на годината се планира отворање на вкупно три ресторани во Македонија, со подготвен четиригодишен бизнис план за отворање 15 до 20 ресторани со вкупно 400 вработени.

“Особено сум среќен дека со инвестицијата вредна над 10 милиони евра, ние освен нашите вработени, обезбедуваме партнерство исклучиво со домашни компании од кои се снабдуваме со потребните суровини и намирници“, истакна сопственикот на лиценцата.

Зимбери додаде дека КФЦ како лидер во подготовка и послужување на пилешко месо, веќе има направено анализа на позициите на регионите во Македонија, каде може да се стимулира одгледувањето на кокошки.

Компанијата КФЦ, со седиште во Кентаки, САД е основана во  1991 година и со повеќе од 23 000  ресторани во над 120 држави е втор најголем ресторан за брза храна во светот. КФЦ е лидер во подготовка и послужување на пилешко месо подготвено на специфични начини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365