Home » Extra 5 » Анализата на компанијата FlashPoint откри интересни податоци за начинот на комуницирањето во „веб подземјето“

Анализата на компанијата FlashPoint откри интересни податоци за начинот на комуницирањето во „веб подземјето“

Анализата открила кои комуникациски алатки криминалците најмногу ги сакаат

Сајбер криминалот во последните години е во постојан пораст, поточно стана еднаков проблем како и криминалот во реалниот живот, можеби дури и поголем, иако многу мислат дека ваквиот вид на криминал е резервиран само за телевизиските серии и филмови. Онлајн криминалците се служат со софистицирани методи, напаѓаат и хакираат, договараат терористички напади,  впрочем сите сериозни влади одамна своите начини за борба против сајбер криминалот ги подигнаа на повисоко ниво, третирајќи ги како едни од најважните во борбата против криминалот воопшто. Токму затоа, анализата на компанијата FlashPoint, која ги следела случувањата на “Deep & Dark web” во периодот од 2012 до 2016 година, може да предизвика чудење, првенствено заради алатките кои долги години биле прв избор за комуникација помеѓу сајбер криминалците…

Извештајот е изработен врз основа на анализата на интернет подземјето помеѓу руските, шпанските, француските, арапските, кинеските и американските криминалци, односно попрецизно, опфатено е говорното подрачје од наведените земји и региони.

Кога се зборува за комуникациските алатки, сајбер криминалците користеле ICQ, Skype, Jabber, PGP, AOL Instant Messenger, Telegram, WeChat, WhatsApp и Kik апликации.

Верувале или не, Skype доминирал на повеќето од овие„ пазари“, затоа што криминалците од руското говорно подрачје во наведениот период користеле  Skype во дури 62% од случаите! Слично било и со криминалците од шпанското и арапското говорно подрачје, но од 2016 година, тие се`почсто користеле  ICQ и WhatsApp. Навистина чудни резултати, особено ако се знае дека Microsoft го купи Skype и сега оваа супер популарна комуникациска алатка е во рамките на оваа корпорација, па затоа и новите резултати сигурно ќе бидат нешто поинакви…

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365