Home » Digital » Апликација која им помага на глувонемите деца да научат да читаат

Апликација која им помага на глувонемите деца да научат да читаат

Кинескиот технолошки гигант Huawei имаше многу лоша година, дополнително влошена со неодамнешното апсење на нивниот Генерален финансиски директор во Канада – настан кој дополнително ќе ја зголеми недовербата кон брендот и ќе ги зголеми грижите дали неговите продукти навистина претставуваат безбедносна закана за корисниците.

Од друга страна, маркетиншкиот тим на Huawei се обидува на секој начин да ги акцентира добрите работи кои може да ги направат нивните производи за луѓето, каков што е и случајот со лансирањето на нова апликација која на глувонемите деца им помага да научат да читаат. Имено, компанијата неодамна ја лансираше апликацијата StorySign, која преведува зборови на знаковен јазик.

Huawei се здружи со агенцијата FCB Inferno, анимациското студио Aardman, издавачот Penguin и неколку локални хуманитарни организации поврзани со Европската унија на глувонеми, со цел да ја развие оваа апликација која ќе биде достапна за бесплатно симнување во 10 европски држави.

Лансирањето на апликацијата беше проследено и со издавање на соодветна книга за деца со наслов “Where’s Spot“, за демострација како треба да се користи апликацијата. Корисниците треба само да го насочат телефонот кон една од страниците на дадена книга, по што ќе се појави аватар кој ќе почне да ги преведува зборовите на знаковен јазик, притоа одбележувајќи точно кој збор го преведува.

Агенцијата FCB Inferno стои позади идејата на апликацијата и целосната маркетинг стратегија, вклучувајќи и посебен рекламен спот режиран од страна на Крис Овертон, добитник на оскар за краткиот филм „The Silent Child“. Главниот лик од неговиот филм, Мејси Слу, седумгодишно глувонемо девојче, е главната ѕвезда и во рекламата за апликацијата. Во топлата и емотивна Божиќна реклама, Слу се соочува со тешкотии при учењето да чита, но потоа го запознава Дедо Мраз и со негова помош целосно ќе се вљуби во читањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365