Home » Во фокусот » Епл, Гугл и Амазон на чело на листата на најдобри брендови на светот

Епл, Гугл и Амазон на чело на листата на најдобри брендови на светот

Оваа година Фејсбук падна на листата по скандалот со пропустите са податоците и заврши на 9-та позиција

Епл и Гугл се на врвот на листата на “најдобри светски брендови” на Интербренд шеста година по ред. Во извештајот кој ги оценува брендовите врз основа на голем број критериуми како што се финансиските резултати, конкурентноста, влијанието на однесувањето на потрошувачите и други, Епл се задржа на врвот на табелата со проценка од 16% раст, т.е. 200 милијарди долари.

Гугл, исто така, забележа пораст од 10%, достигнувајќи раст од 155,5 милиони долари, додека Амазон направи неверојатен скок од 56% и е рангиран на третото место со раст во вредност од 100,7 милиони долари. Од друга страна, Фејсбук забележа значителен пад од 6% и заврши на 9-то место со проценета загуба во вредност од 45 милиони долари.

Брендови кои забележаа најзначаен раст во овогодинешниот извештај се веќе споменатиот Амазон(56%), потоа Нетфликс (45%), Гучи (30%), Salesforce.com (23%) и Луј Витон (23%).

Чарлс Треваил, глобален извршен директор на Интербранд, изјави: “Во деценијата по светската финансиска криза, најбрзо растечки брендови се оние кои интуитивно ги перцепираат своите клиенти и прават храбри чекори кои одушевуваат на нови начини”.

Кумулативно, првите 100 брендови се “тешки” над два трилиони долари, што претставува зголемување од 7,7% во однос на минатата година.

Овде можете да го најдете целиот извештај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365