Apple безуспешно покрена две парници против швајцарскиот производител на часовници, една во Швајцарија, една во Австралија, со тоа што двете завршија во корист на Swatch
Се работи за конфликт со Swatch, познатиот швајцарски производител на часовници. Конкретно, станува збор за две одвоени тужби кои Apple го покрена против Swatch во две различни држави.
Првата тужба беше е покрената во Швајцарија за наводна прекумерна сличност помеѓу слоганот на Swatch “Tick different“ со добро познатиот слоган на Apple “Think different“.
Втората тужба против Swatch е покрената во Австралија за наводно неовластено користење на слоганот “Оne more thing“, фраза која се користи од страна на Apple кога најавува некои дополнителни производите за време на своите конференции.
Како што пишуваат локалните австралиските медиуми, Apple на оваа фраза на Swatch се пожалил во австралиската канцеларија за трговски марки истакнувајќи дека тие веќе ги доставиле своите барања за заштита на ексклузивните права за користење на оваа фраза. Сепак, судот пресуди во корист на Swatch со напомена дека ниту Apple ниту Swatch не ја користеле оваа фраза за претставување на нови производи, па затоа Apple е должен да ги плати судските трошоци од постапките.
Инаку Swatch оваа фраза ја користеше за рекламирање на своите нови часовници во стилот на филм ноар, во нивните рекламни постери не се појавуваа часовници туку ликот од старите телевизиски серии – инспектор Колумбо и познатата и често повторувана изрека на главниот истоимен лик во серијата, кој го глумеше Питер Фолк, а која гласи “Just one more thing“.