Најновото издание на кампањата „Shot on iPhone“ донесува енергична ода на мајката природа која остава без здив
Apple го промовираше најновото продолжение на својата кампања „Shot on iPhone XS“, овој пат посветена на Денот на планетата Земја, во која донесува експлозија од бои и движења во обид истовремено да се промовираат можностите на својот најнапреден телефон и суровата убавината на мајката природа.
Видеата на животните кои се снимени одблиску нема да остават никого рамнодушен и едноставно е неверојатно да се снимени само со iPhone. Apple додава и силна музичка позадина, која постепено го зголемува темпото и нè воведува во акција.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=Fmhdx_kRd-w
Материјалите за спотот се снимени во девет земји ширум светот и секој од нив претставува една нова, величенствена страна на природата. Во видеото подолу погледнете како е снимено ова видео.
Apple истакна дека во создавањето на рекламата се користени дополнителни софтверски и хардверски алатки, но и покрај тоа не можеме, а да не признаеме дека едноставно е импресивно да се види суровата убавината на природата во ова видео!
https://www.youtube.com/watch?v=ePal6SeeXO4