Организаторите на фестивалот Cannes Lions, титулата креативен огласувач на годината им ја доделуваат на компании кои се разликуваат од другите по иновативен, глобален маркетинг на своите производи и поттикнуваат креативност во комуникацијата на пазарот. Оваа година, Apple е за прв пат прогласен за креативен огласувач на годината и оваа титула ќе ја преземе од својот (технолошки) конкурент Google.
“Во Apple секогаш веруваме дека креативните и стравствени луѓе можат да го променат светот на подобро. За овие луѓе произведуваме опрема и ги привлекуваме со нашиот маркетинг”, рече Тор Михрен, потпретседател на секторот за деловно комуницирање во Apple.
На фестивалот Cannes Lions минатата година, Apple освои две Гранд при награди и тоа за рекламите Welcome Home и Today at Apple.