Home » Во фокусот » Април 2017: преглед на некои од најдобрите шеги на светските брендови

Април 2017: преглед на некои од најдобрите шеги на светските брендови

За денот на шегата кој измина во саботата, некои од брендовите ширум светските хоризонти беа доста креативни и однапред припремени со цел да ја анимираат и насмејат својата публика.
Издвоивме дел од најдобрите шеги кои ги припремија брендовите, се надеваме ќе ве насмеат и вам…

Airbnb

Doritos

Брендот за чипс се пошегува дека од сега ќе продава вода  “Ти си 60% вода, па затоа направи ја секоја капка од тоа – bold.”

Извор: AdWeek

Dunkin’ Donuts

Дали успеавте да ја погледнете шегата “Vanilla Nut Taps” од SNL рекламата пародија на Dunkin’ Donuts  со актерот Casey Affleck? За таа цел брендот вистински направи вакви крофни и ги продаваше во секој свој ресторан низ Америка за 1ви април.

Funeralbooker
Овој бренд кој нуди погребални услуги ја имаше најмрачната шега оваа година – нова услуга за кремирање во удобноста на вашиот дом.

Google Play

Ви ја преставуваме најновата категорија на игри, апликации и алатки за стимулирање и тренирање на вашето милениче ” Google Play for Pets”.

McDonald’s

McDonald’s го измисли  Micro Mac. Идеа која наликува на претходната идеа за нано сендвичи на White Castle. Одлично видео!

Pop Tarts

На кој му е потребна вкусната внатрешност на Pop Tarts кога може да се јаде само кората од околу? Подобра е за вас, не ви треба чоколадото од внатре!

Rosetta Stone

Компанијата за учење на странски јазици одлучи дека светот би бил подобро место за живеење кога секој од нас би го зборувал истиот јазик. Звучи малку чудно за една ваква компанија но Ок, станува збор само за шега!

Virgin Atlantic

Авиопревозникот можеби нема веќе да биде познат по своето име затоа што станува дел од Alaska Airlines наскоро, но затоа е сеуште иновативен овој пат со  Dreambird 1417, ново летало кое лета како птица.

Google

Google Chrome го креираше Google Gnome, мал  Alexa гном.

Google Maps се потсети на една шега од 2015 и дозволи да си поиграте Ms. Pac-Man на вашите мапи.

Google Netherlands пак се пошегува со објавувањето на најавата за Google Wind, кој ќе користи ветерници за да ги истера сите облаци од Холандија.

BMW

Брендот лансираше dDrive корпа за куче,кревет за куче кој стимулира чувство на возење на отворен пат. Видеото е одлично

Burger King

BK South Africa креира Whopper колонска вода.

Cheetos

Брендот ”креираше” нов производ за добивањена тен кој ќе ви овозможи да ”блескате” со портокаловиот тен на  Cheetos.

Ely, Minnesota

Градот го заменува Uber со Canoeber. Станува збор за апликација која е како Uber, но со кануа.

GrubHub

Компанијата за достава на храна ангажира спортисти за екстремни спортови, атлетичари, возачи на BMX скејтбордери и многу други за својатга Delivery X—достава без ограничувања.

Honda

Honda Canada го креираше Honda Blend. (станува збор за вистински блендер).

 Jameson’s Irish Whiskey

Брендот тврдеше дека го пронашол долго бараното буре на  нивниот пронаоѓач пред 230 години. Но поради евапорацијата од бурето останало само чаша виски. Овој спот е доста забавен погледнете го.

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365