Home » Extra 5 » Австралиската ‘Stoner Sloth’ анти-марихуана кампања е класичен фејл

Австралиската ‘Stoner Sloth’ анти-марихуана кампања е класичен фејл

Постои една долга и не многу горда традиција на анти-дрога кампањи кои стануваат исмејувани бидејќи целосно ја промашуваат целта. Владата на сојузната австралиска држава Нов Јужен Велс додаде уште една класика на ‘ѕидот на срамот’ со #StonerSloth, кампања која требаше да ги засрами тинејџерите кои злоупотребуваат дрога, но рекламата испадна урнебесно смешна.

Во три кратки видеа, злоупотребата на марихуана претворила тинејџери во џиновски мрзливци – а метафората е изведена буквално, така што децата се навистина прикажани како џиновски влакнести животни со долги, закривени канџи. Социјално, тие се бескорисни. Се’ што можат да прават е да се жалат. Не можат да прават тестови во училиште, да разговараат на забави, па дури и да ја додаваат солта за време на вечера.

“Полоши сте на трева”, вели заглавието. 

Видео 1

Видео 2

Видео 3

Кампањата е толку чудно, карикатурно и комично изведена што тинејџерите, наместо да извадат поука од неа, ја прифатија како една голема шега. Веќе постојат пародични видеа, бескрајни Твитер шеги, па дури и “Додај ја солта” маица на која е прикажан карикатуризиран ленливец.

The New South Wales Department of Premier and Cabinet застанаа позади кампањата, барем засега. “Целта на кампањата е да поттикне позитивно однесување кај младите луѓе пред да започнат лошите навики”, соопштија од таму, додавајќи: “Кампањата е направена да им се допадне и да биде споделувана меѓу тинејџерите. Знаеме дека помладата публика повеќе реагира на кампањи во кои се истакната краткотрајните последици од нивното делување”.

Сигурно дека рекламата е доста споделувана, но истовремено стана и предмет на потсмев, па така, дури и австралискиот National Cannabis Prevention and Information Centre се дистанцираше од кампањата, а самиот премиер на Нов Јужен Велс Мајк Берд се шегуваше со неа на неговиот Твитер профил.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365