Home » Во фокусот » Балет и Пиво? Одлична комбинација во оваа реклама на пивото Гинис

Балет и Пиво? Одлична комбинација во оваа реклама на пивото Гинис

Гинис направи своевиден римејк на својата позната реклама Surfer од 1999 година

Најновата реклама на Гинис за азискиот пазар е свевидно признание на нивната наградувана реклама Surfer од 1999 година, но овој пат, наместо грандиозните коњи, имаме танчери кои ја симболизираат мекоста на познатата пена на ова пиво.

Кореографот Сапл Нам работеше на кореографијата за танчерите во рекламата, а во таа кореографија прво ги гледаме танчерите како паѓаат, исто како пивото кога се “налива” во чашите, а потоа облечени во бело се враќаат на врвот, како пената што се формира на пивото.

Целиот танц изгледа навистина фасцинантно и одлично ја следи пораката на рекламата: “Мазно, кремасто и совршено балансирано”.

Спотот е изработен од страна на AMV BBDO, а во режија на дуото Риф Раф од куќата In /Out. Видеото е дел од пошироката платформа на брендот “Made of More” и ќе се прикажува шест месеци на телевизија и онлајн во Кореја, Кина и Сингапур.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365