BBC One, главниот канал во мрежата на британскиот национален телевизиски сервис, лансира осум нови шпици создадени како рефлексија на карантинскиот живот.
Спотовите ќе се емитуваат помеѓу различните програмски единици на телевизијата, прикажувајќи различни и еклектички активности кои луѓето ги прават со цел да останат поврзини за време на карантинската изолација. Целата продукција на шпиците е направена „од далечина“, снимани во домашни услови од страна на соработниците на теливизијата, а потоа монтирани во BBC.
Кампањата е дело на in-house креативниот оддел на телевизијата, BBC Creative, во соработка со BBC Marketing.