Home » Во фокусот » Бегство од социјалните мрежи: 40% од корисниците избришале барем еден профил

Бегство од социјалните мрежи: 40% од корисниците избришале барем еден профил

Довербата во социјалните мрежи е нарушена паради скандалите околу протекувањето на податоци и ширењето на лажни вести, па затоа не е изненадување што луѓето се повеќе ги бришат своите профили.

Во последниве години, социјалните мрежи станаа главно место за дружење, забава, споделување информации, но исто така и читање вести и информации за голем број интернет корисници во светот. Меѓутоа, во последниве месеци, довербата во Фејсбук, Твитер и другите социјални мрежи почна значително да се намалува помеѓу нивните корисници. Главната причина за ова се сè почестите скандали со протекување на приватни податоци и дистрибуција на лажни вести, што доведе до појава на страв кај многумина.

Истражувањето на консултанската куќа Еделман, која е специјализирана за прашања поврзани со односите со јавноста, покажа дека луѓето се помалку веруваат во социјалните мрежи, а овој тренд е присутен низ целиот свет. Корисниците се` повеќе се загрижени за сопствената приватност и не се сигурни дека она што го читаат е точно. Дури 70% од испитаниците во ова истражување одговориле дека огласувачите треба да извршат поголем притисок врз социјалните мрежи и да побараат од нив да ги контролираат лажните вести и навредливите содржини.

62% од испитаниците се изјасниле за посилна регулација на социјалните мрежи, а дури 40% изјавиле дека минатата година избришале најмалку еден од нивните профили на социјалните мрежи. Бројни корисници, исто така, сакаат јасно да се означат спонзорираните содржини на социјалните мрежи.

Истражувањето опфатило девет илјади испитаници од САД, Бразил, Канада, Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Индија и Обединетите Арапски Емирати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365