Со оваа аквизција Beiersdorf влегува на најголемиот светски пазар на производи за заштита од сонце и го зајакнува своето присуство во Северна Америка. Вредноста на зделката е 550 милиони долари.
Компанијата Beiersdorf соопшти дека постигна конечен договор за купување на брендот Coppertone од компанијата Bayer за 550 милиони долари и дека презема околу 450 работници во САД, во Канада и во Кина, како и производствениот капацитет во Кливленд.
Основан во 1944, Coppertone беше прв бренд за заштита од сонце лансиран на американско тло. Минатата година генерира продажба од 213 милиони долари.
Со оваа аквизција Beiersdorf влегува на најголемиот светски пазар на производи за заштита од сонце и го зајакнува своето присуство во Северна Америка. Coppertone ќе стане петти бренд во портфолиото на Beierdorfom во Северна Америка, покрај брендовите Nivea, Eucerin, Aquaphor и La Prairie.
“Оваа трансакција ја покажува нашата посветеност на конкурентен, одржлив развој и инвестиции во нега на кожата, која е истакната во нашата нова стратегија C.A.R.E +”, рече Стефан Де Локер, извршен директор на Beiersdorf.
Коментирајќи ја продажбата на брендот Coppertone, Хеико Шипер, претседател на одделот за здравје на потрошувачите во компанијата Баер, рече: “Веруваме дека сме го пронашле вистинскиот партнер во компанијата Beiersdorf која ќе продолжи да инвестира и да го развива брендот Coppertone“.
“Откако Баер ја презеде сопственоста над Coppertone кон крајот на 2014 година, направивме голем напредок во негова ревитализација и развивме иновативни производи, благодарение на посветеноста на голем број на вработени, на кои им сум благодарен. Драго ни е што брендот премина на едно ново ниво на успех под сопствеништво на компанијата Beiresdorf“, додаде Де Локер.
Се очекува дека трансакцијата ќе биде склучена во третиот квартал од оваа година.