Home » Во фокусот » “Без љубов, тоа е само гозба”-необична Божиќна реклама на трговскиот ланец Edeka

“Без љубов, тоа е само гозба”-необична Божиќна реклама на трговскиот ланец Edeka

Дури и роботите сакаат да уживат во празниците во оваа необична Божиќна реклама на германскиот ланец Edeka

Германскиот трговски ланец Edeka креираше една прилично необична Божиќна реклама, доближувајќи ни ја приказната за малиот робот во 2117 година.

Во рушевините на футуристичкиот град нема ниту еден човек, само роботи кои ги спроведуваат своите вообичаени рутини. Сите, освен еден. Еден љубопитен робот здогледува плакат за филм за едно среќно семејство кое го слави Божиќ.

Инспириран од плакатот, малиот робот започнува своја авантура, обидувајќи да го пронајде тоа топло чувство на заедништво на овај посебен ден и за себе.

Без љубов, тоа е само гозба”, е пораката на оваа реклама, чијашто убава приказна потсетува на филмот Wall-E.

Иако се чини дека темата нема никаква врска со брендот, како и сите добри научно фантастични филмови и оваа реклама ја одразува вистинската современа загриженост – брзиот раст на технологијата и дехуманизацијата која тој феномен би можел да ја поттикне. Токму тоа ја прави оваа реклама особено забележителна во морето на црвените Божиќни реклами, без прекумерно навлегување во патетика. Самиот херој на оваа приказна, малиот робот, изгледа човечен, бидејќи е способен за она што ниту една машина не може да го направи.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365