Британската хуманитарна организација на бездомни лица Depaul лансираше кампања во која преку музички плејлисти на Spotify ги раскажува животните приказни на неколку млади бездомни лица, со цел да ја подигне јавната свест за нивниот проблем.
Кампањата, развиена со помош на агенцијата Публицис Лондон, ги раскажува приказните на Џорџ (20 години), Кристина (20), Фатос (25), Џеколија (19) и Ема (21), со помош на наслови на песни, споделувајќи ги со слушателите нивните индивидуални искуства како бездомници.
Кампањата ја таргетира публиката на возраст од 16 до 25 години, со кои и работи организацијата Depaul, со цел да го промени начинот на кој тие гледаат кон проблемот на бездомноста.
„Секое искуство на бездомност е уникатно и разновидноста на плејлистите го демонстрира тоа. Преку Spotify, се надеваме дека ќе се пробиеме низ бучавата и директно ќе допреме до слушателите со цел тие да ги разберат искуствата на луѓето како Џорџ и Фатос“ изјави Мајк Тиедке, генерален извршен директор на Depaul по повод лансирањето на кампањата.