Грчката непрофитна организација ELEPAP им помага на децата со посебни потреби уште од 1937 година. Организацијата е отворена за доенчиња, деца и возрасни и обезбедува терапевтски програми, едукација и медицинска нега за нив, како и услуги за поддршка и советување за нивните семејства.
Со цел промоција на нивните активности и привлекување на дополнителна поддршка од јавноста, ELEPAP ја лансираше својата нова кампања насловена „Cool Kids“ („Кул деца“).
Симпатичната кампања ги инспирира луѓето да бидат „кул“ и да ги поддржат храбрите деца да направат мали или големи животни чекори напред, обезбедувајќи им достоен и „кул“ живот каков што заслужуваат.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција The Newtons Laboratory од Атина и продукциската куќа Topcut Modiano.