Босна и Херцеговина планира да ги забрани пластичните кеси, пренесуваат медиумите. Новата Уредба за надоместок за пластични кеси со дебелина до 50 микрони е во фаза на подготовка и ќе важи за сите кеси без оглед на големината и формата на рачките.
Со регулативата ќе бидат опфатени сите кеси за потрошувачи во аптеките, продавниците за чевли, пекарите и маркетите, дури и оние со кои се мери и пакува овошје и зеленчук.
Претставници на Федералното Министерство за животна средина и туризам исто така најавуваат дека наскоро ќе биде прецизирана и годината од која ќе се спроведе целосна забрана на употребата на пластични кеси, а во согласност со најдобрите светски практики.
Тие потсетуваат дека, според одлуката на Европската комисија, производството и употребата на сите пластики за еднократна употреба, како како што се чаши, чинии, цевки, биоразградлива пластика и слично ќе биде забрането од 2021 година.
Според проценките, амбалажниот пластичен отпад во Босна и Херцеговина, во периодот 2008-2018 година, бил 72.820 тони годишно.