Home » Во фокусот » Во центарот на Љубљана поставен билборд кој импровизира џез со помош на ветрот и минувачите

Во центарот на Љубљана поставен билборд кој импровизира џез со помош на ветрот и минувачите

Може ли луѓето да инспирираат билборд и да го натераат да импровизира џез?

Ова прашање ја водеше креативната агенција Публицис Словенија во креирањето на овогодинешниот визуелен идентитет за Jazz Camp Kranj фестивалот.

Овој локален џез-фестивал кој привлекува љубители на џезот веќе 15 години, оваа година привлекува уште поголемо внимание поради свеж пристап кон надворешното рекламирање. Овогодинешниот визуелен идентитет се темели на импровизација и инспирација – исто како и самиот џез.

После неколкудневни подготовки и тестирања, билбордот со помош на ветрот и на минувачите, почна да ‘импровизира’ во центарот на Љубљана. Долниот дел, исечен во облик на типки од клавир, му овозможува на ветрот да импровизира со типките, исто како што тоа го прават музичарите. Во зависност од силата, насоката и времетраењето, ветрот “свири” на клавијатурата, секогаш во различен ритам. Или, како што рече Мајлс Дејвис, “Импровизацијата е инспирација во живо“.

Елементите на кампањата вклучуваат билборди, сити-лајт реклами, принт, социјални медиуми и други фестивалски материјали (маички, купони, флаери, …).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365