Деновиве во Скопје неколку билборди беа “нападнати“ од млади креативци, кои обичните слики со заспани бебиња ги претворија во вистински ремек дела. Раскажувајќи го новиот сон на младата генерација, бебињата ги претворија во супер херои, музички ѕвезди и вистински принцези. Новиот изглед на билбордите ја раскажува приказната за сонот на младата генерација која спие на Дормео Air, најголемата иновација во дизајнот на душеци во последните 20 години.
Огромен предизвик е, велат цртачите на графити, да создадеш дело коешто ќе говори без зборови. Инспирацијата е секаде околу нас, а ние се трудиме со секој потег со раката да му вдахнеме душа на цртежот. Нашата цел е, додаваат, никој којшто ќе го види цртежот да не може да остане рамнодушен. Позитивните реакции за нацртаното се нашата најголема награда.
Ако никогаш не сте виделе како во неколку потези се создава вистинско уметничко дело, посетете го штандот на Дормео , во хала 2 на Скопски саем. За време на Саемот за мебел којшто се одржува од 22 до 27 март, таму ќе биде изложена целокупната понуда на водечкиот бренд за квалитетен сон. Во исто време, цртачи на графити ќе ги разоткриваат новите соништа на младата генерација.