BMW слави 60 години на Британскиот шампионат во трки на автомобили со серија на постери со кои се обележува секоја деценија од нивното учество во оваа трка.
Дизајнирани од страна на агенцијата FCB Inferno, постерите ги опфаќаат децениите од 1960-тите до денес, а секој постер е направена во стилот на одредено време на кое се однесува.
Беки Мековен-Бенкс, креативен директор на FCB Inferno, изјави по овој повод: “Постои ли подобар начин да се претстави страста на BMW за автомобилските спортови низ децениите од постојаното еволуирање на јазикот на уметноста? Индивидуалноста на секој период и возилата во нив совршено се вклопуваат во стилот на овие постери – со весели дизајни во 70-тите во стилот на Питер Блејк, преку забавен MTV стил во 90-тите години, до Бенксиевски израз на 2000-тите. Уметноста, вниманието кон деталите и самото богатството на овие шампионати се нешто што не смее да се пропушти “.
Посетителите на трките, кои се одржаа вчера на Снетертон, имаа можност да понесат со себе некои од овие носталгични уметнички дела.