Home » Во фокусот » Бобан Апостолов дел од 13-тото по ред Бизнис Кафе Македонија

Бобан Апостолов дел од 13-тото по ред Бизнис Кафе Македонија

Наредниот четврток (на 10 – ти декември), во Public Room, со почеток од 18:00 часот ќе се одржи 13-тото по ред Бизнис кафе Македонија.

Предновогодишно организаторите се потрудија да донесат топ гости кои со присутните ќе споделат дел од своето животно искуство и ќе откријат како изгледал нивниот пат во несомнено успешните кариери.

biznis-kafe-13

Присутните ќе имаат можност да се запознаат и да чујат од Г- динот Бобан Апостолов – музички продуцент, композитор и ко-основач на Loops Lab Media, Во 2011 година, Бобан ја ко-основа Loops Lab Media, со партнерство и седиште во Лондон, а денес и во Скопје, со тим од 7 музички продуценти, инженери и креативци во областа на музичката продукција. Апостолов од 2014 e почесен член и жири на Grammy Awards, вклучува соработки со Х-Фактор Франција, Германија, The Voice, Rasing Star и други светски познати шоуа.

Гостин ќе биде и Г-динот Тоде Буцевски – Извршен Дирктор и Основач на ГеоНет, компанија која нуди ГПС решенија за оптимизација и подобро искористување на возилата од возниот парк. Своето присуство го има во Македонија и околниот регион, а од неодамна и на Американскиот и Кенискиот пазар.Тоде е и основач на tafoma.com, алатка за подобро организирање на работни задачи и обврските. Ко-сопственик на светски познатата и наградената Sportypal, фитнес апликација;

Новото издание на Бизнис Кафе Македонија ги обезбеди и ко-основачите на македонскиот бренд SIGNORI, г-динот Кристијан Поповски и Нeнад Пантовиќ , кои ќе пренесат како успеаја за релативно брзо време да се пробијат на светскиот пазар и да бидат бр.1 репрезент на македонската елитна текстилна индустрија.

Дружењето на настанот обично трае 2-3 часа во кои првиот час е резервиран за гостите кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

Учеството на “Бизнис Кафе“ е одлична прилика за нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери како и можност за освојување на интересни награди кои организаторот ги доделува на секој настан.

Цената на влезницата изнесува 300 денари и може да се купи online преку следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365