Бојан Кочовски е назначен за нов директор на агенцијата McCann Скопје, која работи во рамките на I&F Група. Во последните пет години. Бојан е дел од динамичниот и искусен тим на една од најуспешните агенции во Македонија. Со ова именување од редовите на агенцискиот тим, McCann уште еднаш потврди дека силата на луѓето е основа за квалитетен тим и дека развојот и вложувањето во луѓето се дел од агенциската ДНК.
„Бојан веќе 15 години ја гради својата кариера во маркетинг и комуникациската индустрија, работејќи на повеќе менаџерски позиции во различни сектори, постојано усовршувајќи и надополнувајќи го своето знаење. Во текот на изминатите пет години, како дел од нашиот тим тој покажа дека има капацитет да биде лидер на новото време, да ги инспирира и ги води луѓето до уште поголеми достигнувања. Неговата експертиза, амбиција и упорност се клучни за понатамошниот развој на нашиот бизнис и управувањето со агенцијата во овие предизвикувачки времиња. Енергијата на Бојан носи свежина и нова перспектива што на долг рок ќе придонесе за воспоставување нова динамика во нашето работење во Македонија“, изјави Владимир Димовски, CEO McCann Adriatic.
Агенцијата McCann Скопје работи повеќе од 20 години во Македонија и е една од првите и најуспешни агенции во земјата и регионот.
“Многу сум горд и среќен што мојата кариера напредува во големиот McCann систем во рамките на I&F Група. Големо задоволство и голем предизвик е да се води агенцијата McCann Скопје, особено во оваа многу неизвесна година за сите нас. Имаме силен агенциски тим, верувам дека заедно ќе работиме напорно и ќе се фокусираме на понатамошно развивање на нашите амбиции и ќе продолжиме да растеме во наредните години“ рече Бојан Кочовски, новиот директор на McCann Скопје.