Туристичката агенција On The Beach („На плажа“) од Манчестер, Англија, ја објави можеби најневообичаената Божиќна реклама за оваа празнична сезона.
Спотот почнува со очекуваната сцена на топол семеен дом, проследена со Божиќна песна, во случајов “The Most Wonderful Time of the Year” од Енди Вилијамс. Но, потоа, рекламата добива сосем поинаков правец.
Наместо вообичаените снежни сцени, магични Божиќни украси и Дедо Мразовци, спотот го пренесува духот на песочни плажи, море и магични зајдисонца.
Всушност, за туристичката агенција On The Beach, „најпрекрасното време во годината“ не се Божиќните празници, туку летните одмори.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Quiet Storm.