Home » Во фокусот » “Божиќната магија има свои граници” –кампања на Репортери без граници

“Божиќната магија има свои граници” –кампања на Репортери без граници

На крајот на годината “Репортери беа граници“ порачуваат дека заради разни притисоци на кои се изложени, не можат сите новинари да уживаат во празничната атмосфера

Организацијата Репортери без граници започна празнична видео кампања со цел да го скрене вниманието кон нарушувањето на слободата на медиумите во светот.

Видеото ги прикажува некои од најмоќните светски лидери и укажува на тоа дека за новинарската слобода и независност во многу земји е ограничена и дека за многу новинари “магијата на Божиќ, за жал има свои граници“.

Речиси 70 новинари се убиени во целиот свет во текот на 2017 година, а повеќе од 300 медиумски работници моментално се притворени, според извештајот на Репортери без граници.

Краткиот видео запис е упатен кон светските лидери Ким Јонг Ун, Доналд Трамп, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Кси Џипинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365