Home » Extra 5 » Божиновски часовници и накит симболично ја одбележа 45 годишнината од aлабумот The Dark Side of the Moon

Божиновски часовници и накит симболично ја одбележа 45 годишнината од aлабумот The Dark Side of the Moon

Stefan Rajhl – Brit Floyd

Во експлозивна атмосфера и со прекрасна публика на синоќешниот концерт на Brit Floyd „Божиновски часовници и накит“ и накит ја одбележа 45 годишнината од албумот на Pink Floyd – The Dark Side of the Moon, албум кој што неприкосновено ја истражува природата на човечките искуства и претставува клучна инспирација во градењето и создавањето на познатиот македонски часовничарски бренд. Прекрасната изведба на познатиот трибјут бенд на Pink Floyd – Brit Floyd, компанијата ја овековечи со доделување на „Божиновски дијамант“ како круна на безвременската енергија која синоќа ја споделија со македонската публика.

Stefan Rajhl – Brit Floyd

„Преку доделувањето на ова симболично признание сакавме да ги уважиме и сите оние кои живеат со емоцијата споделена во музиката на Pink Floyd и сите оние кои секојдневно живеат за да го победат шаблонот и го предизвикуваат непознатото и апстрактното. Таа емоција како движење и порив е многу силно инкорпорирана во градењето и создавањето на „Божиновски часовници и накит“ и особено сме среќни што имавме можност симболично да го одбележиме 45 годишниот јубилеј од излегувањето на албумот The Dark Side of the Moon , во чија композиција Time најконцизно е опишана филозофијата на нашата компанија, односно нашата девиза „Победи го времето, живеј го моментот“, изјавија од „Божиновски часовници и накит“.

Тие потенцираат дека и понатаму ќе продолжат да ги слават и одликуваат сите секунди поминати со споделување на добра музика, квалитетни културни настани и убави моменти во нашата земја, бидејќи тоа  е единствениот начин да ја пресретнеме секојдневната рутина и да си грабнеме по некоја секунда убави моменти за себе.

Photocredit © Stefan Rajhl

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365