Home » Extra 5 » “Браќа Манаки“ со нова енергија и нов имиџ

“Браќа Манаки“ со нова енергија и нов имиџ

Под мотото „Филмот е убав“, од 18 до 27 септември во Битола ќе се одржи најпознатиот македонски филмски фестивал “Браќа Манаки“.

Традиционално, фестивалот има богата и разновидна редовна програма која привлекува многубројна домашна но и странска публика и го рангира фестивалот меѓу најдобрите во Европа. Годинава ОФФ програмата е збогатена со нови и интересни содржини, концерти, забава, и др.

На „Браќа Манаки“ се организираат и работилници, семинари, промоции и изложби. Со својата впечатлива програма, која од година в година станува сѐ побогата, Фестивалот е атракција како за филмаџиите  така и за филмофилите од целиот свет.

Креативците на агенцијата Меккен Скопје ги направија дизајните на официјалните постери и промотивните материјали за фестивалот, прикажувајќи го нивното видување на кинематографијата преку одличен спој на графичката и филмската уметност.

Официјалните постери за редовната и детската програма кои се изработени во македонска и англиска верзија беа промовирани на прес конференција на која беа најавени и овогодинешните лауреати добитници на наградата за животно дело “Златна камера 300”. Постерите можете да ги погледнете во продолжение:

manaki 1 manaki 2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365