Home » Во фокусот » Брендот Walkers ја тестира лојалноста на корисниците со „Choose or Lose“ кампања

Брендот Walkers ја тестира лојалноста на корисниците со „Choose or Lose“ кампања

Најновата кампања на брендот Walkers тестира дали се спремни луѓето да се откажат од познатите вкусови за да пробаат нешто ново

Познатиот бренд за грицки Walkers започна кампања „Choose or lose!“ која го промовира изборот помеѓу класичните и новите вкусови. Купувачите за својот фаворит можат да гласаат со купување на еден од производите или учество во онлајн анкета.

Трите вкусови кои им се познати на корисниците на Walkers во Велика Британија и Ирска во текот на кампањата ќе ги одмерат силите со новите вкусови кои брендот ги увезува од другите земји. Така, чипсот со вкус на сол и оцет ќе се натпреварува со чипсот од лимета и црн бибер од Австралија, вкусот на морски плодови ќе се натпреварува со вкусот на пиперка од Шпанија, додека вкусот на димена сланина ќе се бори со вкусот на сланина и чедар сирење од САД.

Агенцијата Abbott Mead Vickers BBDO ја направи ТВ рекламата за промоција на ова „натпреварување“, во кое главна улога ја игра долгогодишниот амбасадор на брендот Гери Линекер.

Во ТВ спотот, една жена е во недоумица кое пакување на Walkers да го избере во локалната продавница. Несигурна во тоа кој вкус ќе го одбере, жената изненадно се наоѓа во едно студио за квизови во кое водител е Гери Линекер, а поделената публика ја бодри да го избере токму нивниот избор. Впрочем, погледнете го оваа забавна реклама подолу.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365