Home » Во фокусот » Брилијантен „мрзлив“ оглас за паб кој стана вирален хит

Брилијантен „мрзлив“ оглас за паб кој стана вирален хит

Предупредување до клиентите: Внимавајте какви пораки им испраќате на своите дизајнери. Би можеле да завршат во некој од нивните дизајни. Пораките всушност на крајот би можеле да завршат како целосен оглас.

Ова беше честа тема на разговор минатата недела, откако се појави еден британски оглас, кој го направи дизајнерот Dave Blackhurst за пабот Friars. Постерот којшто можете да го видете подолу, стана вирален на социјалните мрежи и стана познат како генијален пример за брилијантен мрзлив дизајн.

Blackhurst, копи-едитор и лектор, е запрашан од страна на пријателот, Tom Hughes, кој е сопственик на Friars, дали може да дизајнира плакат којшто ќе ја рекламира забавната програма на локалот. Изгледало како едноставна задача.

Огласот кој настана како резултат  на тоа е навистина сјаен. Изгледа како Blackhurst да ја зел напроменета сликата од текстуалната порака помеѓу него и Hughes, и од неа направил реклама. Неспорно е во прашање паметен потег,  па убаво врамената слика на огласот  (кој е поставен пред влезната врета во пабот), стана вирална на Твитер и дојде до насловната страна на Reddit.

Но, вистината е следна – и на било кој начин не го намалува успехот на Blackhurst – воопшто немало допишување преку пораки.  За локалниот весник, Shropshire Star, Blackhurst кој има 61 година, призна дека воопшто не поседува смартфон.

Размислував за таа задача, одејќи по градот. Дали да направам нешто во стилот на ’60-тите или ‘30-тите, но мислев дека сето тоа е веќе видено. Тогаш дојдов до идеја да го замислам разговорот помеѓу мене и Tom,“изјавил Blackhurst за весникот. „Иронијата е во тоа што јас воопшто немам смартфон, имам телефон Nokia C2, така што ми требаше околу три минути да дојдам до таа идеја, но неколку часови да ја составам, со помош на онлајн генераторите на пораки и фотошоп. “

Некои можеби се разочараа што сепак огласот не беше така „мрзлив“ како што се чини, но, на некој начин е толку остроумен, имајќи во предвид дека Blackhurst ја осмисли идејата од ведро небо.

Hughes во меѓувреме е очигледно одушевен од вниманието кое што огласот го ужива, како локално, така и глобално.„Мислев дека е нешто малку поинакво, ни не знаев дека ќе биде толку успешно“, вели тој. Гледам како луѓето застануваат и го гледаат, така што беше многу ефикасен. Добив порака во понеделникот дека огласот стана вирален и дека има околу 3000 лајкови на Фејсбук. А во вторникот работите полудеа. Многу, многу луѓе ни испраќаа пораки, а посетите на веб страната  се зголемија. Навистина одлично функционираше.“

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365