Home » Во фокусот » Брус Вилис стана заштитно лице на енергетскиот пијалок Hell Energy

Брус Вилис стана заштитно лице на енергетскиот пијалок Hell Energy

Една од најголемите светски филмски акциони ѕвезди, стана заштитен лик на популарниот енергетски пијалок Hell Energy

Брус Вилис, една од најголемите американските филмски ѕвезди, потпиша договор со брендот за енергетски пијалоци Hell Energy. ТВ рекламата во која главниот лик е Брус Вилис,  ја доживеа својата премиера во понеделникот, 2 април, во многу земји низ светот.

Hell Energy стана првиот унгарски бренд кој има договор за огласување со холивудска ѕвезда од прва класа, Брус Вилис. Оваа соработка не е единствена само за Hell Energy, туку е преседан на национално ниво, со оглед дека ниту една унгарска компанија не соработувала со светски позната и активна холивудска ѕвезда.

“Hell Energy претставува динамична енергија, сила и квалитет, па ни требаше некој да ги отелотвори овие вредности. Кога почнавме да го планираме овој проект, размислувавме за неколку различни имиња и на крајот го избравме Брус Вилис. Тој е познат насекаде низ светот и неговото име е гаранција за врвен квалитет “, изјави Петер Пантл, директор за маркетинг на Hell Energy. “Кампањата со познатата личност, како нејзин главен елемент, е активирана истовремено во речиси 50 земји, користејќи ги денешните можности, како што се 360 комуникација, особено на социјалните мрежи. Покрај тоа, може да се види лицето на Брус Вилис и на постерите во продажните објекти “, додаде Пантл.

Идејата за рекламата е врз основа на нашите идеи во компанијата, кои го ставија брендот и главната ѕвезда во центарот на вниманието, оставајќи ги во минатото класичните стереотипи поврзани со енергетските пијалаци, како што се моќни автомобили, брзина или луѓе кои се забавуваат. По првичната идеја, следеа многу консултации и подготовки, што конечно резултираше со снимање на рекламата во Њујорк на почетокот на 2018 година.

Hell Energy е производител на енергетски пијалоци со 100% унгарска сопственост. Присутен е во речиси 50 земји, а се произведува во една фабрика во градот Сиксо. Со светски познатите производствени погони, импресивен капацитет за производство и клучните иновации, Hell Energy создаде своја сопствена приказна за успех и во текот на последните 10 години се смета за еден од најголемите брендови на енергетски пијалоци во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365