Home » Во фокусот » Bruketa&Žinić OM ги продадоа уделите во Баку, Белград и Brokuli&Ž

Bruketa&Žinić OM ги продадоа уделите во Баку, Белград и Brokuli&Ž

РЕГИОН- Во контекст на неодамна постигнатиот договор со најголемата светска маркетинг групација WPP, а веднаш пред неговата имплементација која се очекува за јули оваа година, агенцијата Bruketa&Žinić OM излегува од ко-сопствеништвото во агенциите во Белград, Баку и во агенцијата Brokuli&Ž.

Белградската агенција Popular беше дел од Bruketa&Žinić OM од 2012 година, исто како и Brokula&Z, додека во Азербејџан Bruketa&Žinić OM беа присутни од 2009 година. Својот удел го продадоа на своите досегашни партнери, агенцијата Popular во Балград, агенцијата Artgroup во Баку и на компанијата Lacun во случајот со Brokula&Z.

“Договорот со WPP и Grey го промени концептот според кој пристапуваме кон странските пазари, посебно поради големата мрежа на Grey групацијата во преку 130 земји. Со досегашните партнери и понатаму ќе соработуваме на поединечни проекти“ – изјави Давор Брукета по повод оваа новост од компанијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365