Home » Во фокусот » Бруто вредноста на огласувањето во Словенија во 2016 година премина милијарда евра!

Бруто вредноста на огласувањето во Словенија во 2016 година премина милијарда евра!

РЕГИОН- Истражувачката агенција Mediana, за Маркетинг магазин од Словенија ги подготви податоците за бруто вредноста на огласувачкиот пазар во 2016 година како дел од проектот Mediana IBO.

Во извештајот се наведува дека бруто вредноста се темели на сите евидентирани огласи и цени од официјалните ценовници и дека во обзир не се земени попустите, посебните купо-продажни услови ниту бесплатните објави.

Во текстот е наведено дека вредноста на бруто огласувањето во Словенија во 2016 година пораснало за 14%, а и дека телевизијата со 80% удел во бруто огласувањето е далеку напред во споредба со сите други медиуми. Бруто вредноста на огласувањето на телевизија за година дена е пораснато за 19%, а огласувачите им намениле на печатените медиуми речиси 100 милиони евра бруто, идентично како и во 2015 година.

Според собраните податоци, во Словенија најголеми огласувачи се трговците, телекомуникациските оператори  и авто индустријата.

Повеќе информации за истражувањето ТУКА.

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365